18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал раст на индустриското производство во еврозоната

Мал раст на индустриското производство во еврозоната

evrozonabhg76it7tr7tt

Индустриското производство во еврозоната во октомври е зголемено за само 0,1 проценти, покажуваат денес објавените официјални податоци, што е уште еден знак за стагнација на европската економија.

Индустриското производство е забавено повеќе отколку во септември, кога беше на ниво од половина процент, што исто така се смета за недоволно.

Состојбата на економијата на еврозоната и понатака е причина за загриженост во целиот свет, поради можноста Европа да западне во долг период на дефлација, каква што се појави во Јапонија, пренесува АФП.

На ниво на цела ЕУ и сите 28 членки, индустриското производство во октомври е исто така зголемено за само 0,1 проценти.

Најголем индустриски раст оствари Ирска со девет проценти, а зад неа е Грција со 2,5 проценти. Индустриското производство во Франција и Холандија е намелно за 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП