3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција за претприемништво во Крива Паланка

Конференција за претприемништво во Крива Паланка

pretpriemach1

Целта за создавање самоодржлив инкубатор за претприемачи, чии нови бизниси ќе користат комбинирани ресурси од двете страни на македонско­бугарската граница и ќе придонесат за регионалниот економски развој, беше тема на денешната конференција за претприемаштво, која се одржа во Крива Паланка.

Конференцијата е дел од проектот „Претприемачки клуб“, што го реализираат РЦС„Спектар“ од Крива Паланка и Бугарската менаџмент асоцијација од Благоевград, со финансиска пооддршка на ИПА програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија. Со проектот се опфатени невработени лица, млади кои сакаат да почнат сопствен бизнис, економски унуверзитети и средни училишта од Североисточниот регион во РМ и Благоевградската област во Бугарија.

Проектот ги опфаќа бизнис можностите во прекуграничниот регион, развивањето на претприемачкиот дух, идентификација на најдобри претприемачки практики и нови бизнис идеи, со заедничка размена на искуства помеѓу македонските и бугарски претприемачи. Како резултат на спроведените проектни активности реализирани се две тродневни работилници, генерирани се 35 бизнис идеи од кои 15 се разработени и развиени се 9 бизнис планови, истакна Методи Цветковски, претседател на РЦС Спектар“.

Во рамки на проектот спроведени се и два бизнис натпревари во Македонија и Бугарија, а изготвен е и прирачник за претприемачи без формално економско образование. ­ Како резултат на проектот, развиен е пакет на услуги за претприемачи, формиран е Клуб на претпримачи „Спектар“ и добиени се 7 остварливи бизнис идеи со големи шански за успех.

Потребна е идна поддршка за изнаоѓање финансиски средства за започнување на бизнисот, менторство за раководење на новоотворните бизнисси и помош при изнаоѓање пазари.

Прекуграничниот регион нуди големи можности за соработка и развој на претприемаштвото и тоа треба да се искористи, појасни менторот Синиша Пекевски од „Си комуникејшн“ од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП