
Стапката на раст на брутодомашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува 4,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.


Стапката на раст на брутодомашниот производ (БДП) во третиот квартал годинава изнесува 4,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите „преработувачка индустрија“ од 16,6 проценти, „уметност, забава и рекреација“, „други услужни дејности“, „дејности на домаќинствата како работодавачи“, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби“ од 11,6 проценти, „стручни, научни и технички дејности“, „административни и помошни услужни дејности“ од 8,2 проценти и „финансиски дејности и дејности на осигурување“ од 7,5 проценти.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 1,7 проценти, а нејзиното учество во струкурата на брутодомашниот производ изнесува 67,9 проценти. Во истиот период,според статистика, извозот на стоки и на услуги номинално се зголемил за 13,6 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележал зголемување во номинален износ од 10,8 проценти.
Стапката на БПД во првиот и во вториот квартал годинава забалежа раст од 3,2 односно 4,4 проценти.