8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбновениот Мелнички мост пред технички прием, инвестирани 69,6 милиони денари

Обновениот Мелнички мост пред технички прием, инвестирани 69,6 милиони денари

melnichki-most

Работите за санација на Мелнички мост над Дебарското Езеро се во завршна фаза и деновиве се очекува да има технички прием, информира директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски, при денешниот увид на градежните активности.

Мостот, во должина од 368 метри, е изграден пред повеќе од четири децении, а ова е негова прва санација од изградбата. Во обновата, според Георгиевски, се инвестирани 69,6 милиони денари.

Со санацијата зајакнати се бетонските и челичните површини, преку зајакнување на столбовите на мостот, како и зајакнување на челичниот носач. Вградени се 92 тона арматура, остранета е старата ограда и тротоарите и истите се заменти со нови. На мостот поставена е нова одбојна ограда во должина од 375 метри,заштитен е цевководот од водоводот Росоки­Дебар, кој е поставен на мостот, како и нови сливници., рече Георгиевски.

Покрај зајакнувањето мостот е и осветлен за првпат. Во должина од 650 метри поставени се 18 канделабри, кои денеска беа пуштени во функција.

Имплементиран е систем за заштита на енергија, односно поставен е систем за димирање со кој сите светилки со моќност од 250 вати во режим на димирање работат со моќност од од 150 вати, за што се инвестирани 2,4 милиони денари, изјави Георгиевски.

Со реализацијата на овој проект, оцени, секако најзадоволни се жителите од овој крај затоа што по секое минување по мостот постоеше опасност од негово рушење. Според дебрани, кога мостот бил граден имало многу малку возила, но сега преку него минуваат и многу товарни возила, чија тежина секако претставуваше проблем за безбедноста на минување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП