ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажни цени на производители на индустриски производи на домашен пазар

Продажни цени на производители на индустриски производи на домашен пазар

­

industrija 3405

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември годинава се пониски на месечно ниво за 0,3 проценти, а се повисоки за 0,6 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во ноември во споредба со октомври годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата „енергија“ за 0,9 проценти, додека во групите „интермедијарни производи, освен енергија“ и „трајни производи за широка потрошувачка“, се на истото ниво од претходниот месец.

Во ноември годинава, во однос на истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата „енергија“ за 3 проценти, во групата „трајни производи за широка потрошувачка“ за 0,7 проценти и во групата „интермедијарни производи, освен енергија“ за 0,5 проценти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП