19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаздравуваат повредените рудари во „Злетово“

Заздравуваат повредените рудари во „Злетово“

rud

Заздравуваат двајцата рудари повредени во несреќата што се случи во рудникот „Злетово“ во петокот, соопшти денеска компанијата „Индо минерали и метали Македонија“, концесионер на рудникот.

Едниот од повредените рудари беше пуштен на домашно лекување во петокот, а другиот се уште е под болнички надзор.

Индо Минерали и Метали Македонија се во постојана комуникација со семејството и со медицинскиот персонал во Клиничката болница во Скопје, со цел следење на состојбата на рударот, се вели во соопштението.

Според компанијата, по спроведената инспекција, надлежните рударски и полициски инспектори, уште истиот ден, одобриле продолжување на работите во „Злетово“. Истрагата водена од Рударскиот инспекторат е се уште во тек и се работи на откривање на причините за несреќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП