17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi RS3 Sportback е со 367 ks (фото)

Новиот Audi RS3 Sportback е со 367 ks (фото)

rs a3

Германскиот производител ги објави фотографиите и спецификациите за новата генерација на моделот „RS3“ кој ќе има премиера на саемот за автомобили во Женева во март 2015-та.

„Audi RS3“ зa 2015-та ќе се произведува исклучиво во верзија со 5 врати и ќе има петцилиндарски турбо-бензински мотор кој произведува 27 ks повеќе во споредба со претходниот модел.

Кога станува збор за надворешноста, автомобилот се разликува од стандардниот „A3“ по карактеристичните „RS“ стилски елементи, како што се „мрежстата“ предна маска, големите вентилациски отвори на браникот, аеродинамичките додатоци, задниот дифузор и двете големи издувни цевки.

rs a31

Audi RS3“ е опремен со специјално дизајнирани 19-инчни алуминиумски бандажи од лесна легура, а куќиштата на надворешните ретровизори се изработени од алуминиум.

Спортските седишта се со „Nappa“ кожа, додека спортскиот волан е делумно обложен со „Alcantarа“. Педалите на ножните команди се од нерѓостувачки челик.

„Audi“ со гордост истакнува дека 2.5 литарскиот петцилиндарски агрегат е со 367 ks (270 kW) и 465 Nm максимален вртежен момент, кој е за 7 „коња“ помоќен од моторот на конкурентскиот „Mercedeѕ A45 AMG“.

rs a32

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на седумстепениот „S tronic“ менувач и „quattro“ системот.

Автомобилот е во состојба од мирување до „стотка“ да забрза за само 4.3 секунди, пред да ги достигне максималните, електронски ограничени 250 km/h. Лимитот на барање на купувачите може да се подигне на 280 km/h.

„Audi RS3 Sportback“ ќе пристигне во продажните салони во летото 2015-та, кога ќе биде позната и неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП