7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Буџет од илјада милијарди

САД: Буџет од илјада милијарди

White House Thanksgiving

Соочувајќи се со силниот притисок да го избегне колапсот на Владата, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои законот за буџет вреден 1.100 милијарди долари. 

Законот сега ќе оди пред Сенатот.

Законот е усвоен со тесни 219 гласови „за“ и 206 „против“, откако американскиот претседател Барак Обама ги повика демократите да го подржат буџетот и само неколку часа пред истекот на рокот на полноќ, со што е спречен прекинот на работата на владата во САД и избегнат е прекинот на финансирањето на нејзините активности, пренесува агенцијата Франс прес.

Од тој буџет до септември 2015 година ќе се финансира најголемиот дел од активностите на федералната влада и федералните служби, но сепак одделни служби ќе добијат само краткорочни средства.

Како што потсетува француската агенција, на минатомесечните избори, републиканците ја презедоа контролата во двата дома на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом и Сенатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП