10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba го направи најбогатиот човек во Азија

Alibaba го направи најбогатиот човек во Азија

jack-ma-alibaba222

Основачот на синџирот на онлајн трговија „Alibaba“, Џек Ма стана најбогат човек во Азија, покажуваат податоците на индексот на милијардери на „Bloomberg“.

Со богатство од 28,6 милијарди долари, Ма го престигна тајкунот од Хонг Конг, Ли Ка-Шинг, кој поседува 300 милиони долари помалку.

Пред само три месеци, акциите на „Alibaba“ се појавија на „New York Stock Exchange“. Вчера акциите на компанијата се продаваа по околу 105 долари, со што вредноста на „Alibaba“ изнесува неверојатни 260 милијарди долари.

Повеќе од половина од богатство на Ма доаѓа токму од „Alibaba“, каде што тој поседува 6.3%. Пред околу еден месец Ма сподели дека „трошење пари е многу потешко од правењето“. Тој рече дека се надева во најскоро време да направи јавна компанија и една од најуспешните единици на „Alibaba“ – „Alipay“, која ќе се занимава со финансиски услуги.

Во последните години Кина произведува повеќе милијардери од која и да е земја во светот, а според последните податоци тие се околу 300.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП