17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенерален штрајк во Италија

Генерален штрајк во Италија

strajk italija 34

Во Италија започна голем штрајк против политиката на Владата на премиерот Матео Ренци, организинран на повик на најголемиот синдикат во земјата, јави ТАСС.

Генералниот штрајк ги засега приватниот и државниот сектор, како и сите сфери на транспорт, вклучително железничкиот, авионскиот и поморскиот.

Први почнаа да штрајкуваат железничарите, а од 10 часот по локално време се очекува кон штрајкот да се вклучат и вработените од авионскиот сообраќај.

Штрајкот ќе ги засегне жителите на сите италијански градови. Градскиот транспорт ќе запре на осум часа. Во голем број градови штрајкот ќе биде проследен и со протести, а најголемите се очекуваат во Рим и Торино.

Протестот има за цел измени на новиот закон за реформа на пазарот на труд и измени на буџетот, што е неодамна одобрен од парламентот. Штрајкот, исто така, има за цел и гарантирано право на работа и достојни плати.

Организатор на протестот е најголемиот синдикат во земјата Заедничка италијанска конфедерација на трудот (ЦГИЛ), каде членуваат околу шест милиони работници. Штрајкот е поддржан и од Италијанскиот сојуз на труд (УИЛ), каде членуваат околу 2,2 милиони работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП