23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗначително забавена економската активност на Ирска

Значително забавена економската активност на Ирска

irska2

Економската активност на Ирска значително забави во третиот квартал во однос на претходните три месеци, покажаа официјалните податоци во Даблин.

Бруто домашниот производ во три месеци, заклучно со септември, напредуваше за само 0,1 проценти, во однос на 1,1 проценти од преходниот квартал, наведува ирскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Ирска, сепак, и понатака е на добар пат да оствари добар економски резултат во 2014 година, откако минатата година стана првата земја на еврозоната која излезе од програмата за меѓународна помош, откако ги спроведе строгите мерки за штедење, вклучувајќи го и зголемувањето на даноците.

Заводот додава дека ирската економија во третиот квартал пораснала за 3,5 проценти на годишно ниво.

„Иако целокупната еврозоната поминува низ проблеми, Ирска имаше корист од трговската врска со САД и Британија, а најмногу охрабруваат податоците за раст на домашната побарувачка“, наведува аналитичарот на брокерската куќа Мерион, Алан Меквејд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП