26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Франција во ноември забави на 0,3 проценти

Инфлацијата во Франција во ноември забави на 0,3 проценти

francija1

Меѓугодишната инфлација во Франција во ноември изнесуваше 0,3 проценти, по 0,5 проценти забележани во претходниот месец, пред се поради падот на цените во производната индустрија и падот на цените на енергијата, соопшти францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Цените на францускиот пазар во ноември се намалија за 0,2 проценти во однос на претходниот месец, пренесува Ројтерс.

Аналитичарите во ноември оваа година во просек очекуваа меѓугодишна стапка на инфлација од 0,5 проценти, како и пад на цените од 0,1 проценти во однос на октомври.

ИНСЕЕ исто така наведва дека според методите ИПЦ, кои овозможуваат споредба со останатите земји, меѓугодишната инфлација изнесува 0,4 проценти, а месечната 0,2 проценти.

На намалувањето на цените во ноември во однос на октомври влијаел падот на цените во производната индустрија од 0,3 проценти, падот на цените на енергијата од 0,6 проценти, но и падот на цените во секторот за услуги за 0,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП