20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФолксваген забележа лоши резлутати во ноември

Фолксваген забележа лоши резлутати во ноември

wob 3

Германскиот производител на возила „Фолксваген“ во ноември забележа најслаб продажен резлутат во оваа година, со пад во продажбата од 4.0 проценти во однос на истиот месец од минатата година, соопштија од комапнијата.

Во споменатиот месец се продадени вкупно 508.400 возила, се прецизира во соопштението.

Oваа компанија од јули годинава не бележи раст. Во август и септември продажбата стагнираше, а во октомври забележа пад од 0.4 отсто на годишно ниво. За 11 месеци од оваа година, „Фолксваген“ има продадено вкупно 5.59 милиони возила со скромен раст од два проценти во споредба со истиот период од минатата година. Како образложение за неповолните резултати, „Фолксваген“ ги наведува тешките услови на некои од главните пазари, како што се Источна Европа и Латинска Америка.

За лошиот ноемвриски резултат „Фолксваген“ го наведува и тоа што новиот модел на „Пасат“ во продажните салони пристигна дури во последните недели од месецот, а тој инаку е вториот најпродаван модел на оваа германска групација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП