23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција се надева дека цената на рускиот гас ќе биде намалена до...

Турција се надева дека цената на рускиот гас ќе биде намалена до крајот на годината

Untitled

Турција се надева дека цената на рускиот гас ќе биде намалена до крајот на годината, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз.

Преговорите со претставниците на „Газпром“ во Анкара ни овозможуваат да добиеме дополнително намалување на цената на рускиот гас до крајот на 2014, изјави синоќа Јилдиз.

Тој истакна дека Русија изразила подготвеност да ја намали цената на гасот за Турција за шест отсто.

Нашите барања за намалување беа малку поголеми. Имавме средби со делегацијата на „Газпром“, која вчера пристигна во Анкара. Рускиот концерн е подготвен за натамошна соработка, додаде Јилдиз.

Русија соопшти дека е подготвена да овозможи намалување на цената на гасот за Турција до шест проценти, но Анкара претходно се надеваше на намалување до 15 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП