21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаришкин: Западот и наложи на Бугарија да го запре „Јужен поток“

Наришкин: Западот и наложи на Бугарија да го запре „Јужен поток“

juzen potok bugarija

САД и Брисел и наложија на Бугарија да го запре „Јужен поток“ и постапија со неа така, како да е колонија, изјави претседателот на руската Дума Сергеј Наришкин, јави ТАСС.

„Генерално гледано, со Бугарија во практика беше постапено така, како со колонија. Речиси е срамно“, изјави Наришкин на парламентарната дебата „Русија и ЕУ: Перспективи за партнерство“.

„Експерти веќе проценуваат дека само овогодинешните штети за европската економија од санкциите против Русија и антисанкциите, ќе достигнат десетици милијарди евра“, потсети Наришкин.

„Веројатно треба да ја додадеме пропуштената корист од несудените проекти како „Јужен поток“, што беше прекинат и со одлука на Европската комисија, и со одлуката наметната на Бугарија од страна на Брисел и Вашингтон“, додаде Наришкин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП