6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈацењук: Донатори помагајте

Јацењук: Донатори помагајте

arsenij-jacenjuk2124

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук ги повика меѓународните кредитори да одржат донаторска коференција.

Како што објасни, целта на конференцијата е собирање на дополнителни средства за Украина за таа да го избегне потенцијалниот банкрот.

„За да преживееме и за да спречиме банкрот потребна ни е меѓунардона донаторска конференција, усвојување на план за закрепнување на Украина на таа конференција и помош од нашите партнери од Западот“, изјави тој.

Јацењук изјави дека Украина изгубила 20 проценти од своите приходи поради ситуацијата во регионите Доњецк и Луганск.

„Околу 20 проценти од нашата економија концентрирани се во регионите Доњецк и Луганск, изгубивме 20 проценти од економскиот потенцијал и девизните приходи“, изјави Јацењук претставувајќи ја програмата на Владата.

Тој додаде дека денес ситуацијата во економијата е посложена отколку пред девет месеци.

„Меѓутоа, најголемата закана е заканата за независноста на Украина“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП