22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Австралија најголема во последните 12 години

Невработеноста во Австралија најголема во последните 12 години

156188687754895f75bf142294252850_orig

Невработеноста во Австралија во ноември го достигна највисокото ниво во последните 12 години поради забавувањето на економијата.

Тоа е последица од падот на цените на примарните суровини и кинеската побарувачка, покажува официјалната статистика.

Стапката на невработеност во споменатиот период е зголемена на 6,3 проценти од работоспособното население, од 5,8 проценти во ноември минатата година, соопшти Австралиското биро за статистика, а пренесува агенцијата АФП.

Австралиската економија која успеа да ја избегне рецесијата повеќе од 20 години, сега се обидува да пронајде нови мотори за раст за да го намали забележливиот пад на резултатите во рударскиот сектор.

Забавувањето на економијата на Кина, која е најзначајниот трговски партнер на Австралија, ја загрози динамиката во сегментот на основните суровини, додека падот на нивните цени значително ги намали приходите.

Според оценката на експертите на австралиската централна банка, создавањето на нови работни места, и покрај доброто здравје на другите сегменти на економијата, не било доволно, а повеќето нововработени работат со скратено работно време, со мали приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП