7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожната енергетска соработка меѓу Турција и Русија треба да биде проблем на...

Можната енергетска соработка меѓу Турција и Русија треба да биде проблем на Европа

rusija turcija 35

Евентуалната енергетска соработка меѓу Турција и Русија треба да е проблем на Европа, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис во одговор на новинарско прашање за очекувањата на Кипар за една таква соработка меѓу двете земји, јави БТА.

„Ова прашање треба да е проблем на Европа, бидејќи од една страна беше загрижена поради улогата на Украина и затворање на гасоводот низ Украина, а сега е на пат да го остави гасоводот во рацете на турскиот претседател Ердоган“, истакна Касулидис.

Тој нагласи дека позицијата на Никозија за енергетските ресурси на Република Кипар е ставена на хартија и предадена на Анкара од грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос при неодамнешната посета на Турција.

Кипарската грчка страна очекува од турската влада одговор за исклучителната економска зона на Република Кипар и крајбрежниот гас што доведе до заострување на односите во регионот, изјави Касулидис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП