6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија постигна спогодба со Индија за изградба на 12 нуклеарни реактори

Русија постигна спогодба со Индија за изградба на 12 нуклеарни реактори

nuklearna centrala

Руската државна компанија „Росатом“ соопшти дека ќе и достави 12 нуклеарни реактори на Индија во период од 20 години, согласно спогодбата која денеска беше потпишана во Њу Делхи, а која има за цел да ја зајакне соработката во сферата на нуклеарната енергетика меѓу двете земји.

Реакторот од илјада мегавати веќе работи во нуклеарната централа „Куданкулам“, во индиската држава Тамилнаду, која е изградена од Русија, а вториот реактор треба да биде ставен во функција во 2015 година.

Рускиот претседател Владимир Путин инсистираше „Росатoм“ да го зголеми бројот на реакторите, кои може да ги достави до околу 25.

Индиските претставници нагласија дека вкупно шест реактори ќе бидат изградени во „Куданкулам“, а други шест ќе бидат наменети за објект, кој се уште не е одреден.

Путин денеска е во посета на Њу Делхи, каде со индиските лидери ќе разговара за зајакнување на трговската и енергетската соработка со третата по големина економија во Азија во момент на западните санкции, кои се закануваат да ја доведат руската економија во рецесија.

Путин треба да се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди и со претседателот Пранаб Мукерџи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП