18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарања за приватизација на државно земјиште ќе се поднесуваат и во недела

Барања за приватизација на државно земјиште ќе се поднесуваат и во недела

otkup dvor

Подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно­правни работи при Министерството за финансии заклучно со 15 декември, кога е крајниот рок за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, ќе работат секој ден, вклучително и недела, со работно време од 8:30 до 19:00 часот.

Според Министерството за финансии, подрачните одделенија на Управата ќе работат и во недела поради големиот интерес за поднесување барања за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост.

Барања за приватизација можат да се поднесуваат во подрачните одделенија за првостепена управна постапка при Управата за имотно­правни работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП