23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ja освежи Seriеѕ 6 - пронајдете ги разликите (фото)

BMW ja освежи Seriеѕ 6 – пронајдете ги разликите (фото)

series 6 nova

„BMW“ ги објави фотографиите и спецификациите на моделот „Serieѕ 6“ зa 2015-та, кој речиси многу малку се разликува од актуелната гама.

Производителите на автомобили не навикнаа да не очекуваме премногу промени кога станува збор за редизајн на моделите, па овој чекор на „BMW“ со „Serieѕ 6“ не е изненадување.

series 6 nova1

„Баварците“ во пакет ги претставија сите три модели од „Serieѕ 6“ зa 2015-та: „Coupe“, „Cabrio“ и „GranCoupe“.

Тие што ќе се впуштат во детална анализа на надворешноста во потрага по новитети ќе забележат дискретни разлики во маската на ладилникот, предниот браник и фаровите, додека задниот дел на автомобилот практично остана непроменет.

series 6 nova2

Покрај тоа, на купувачите на располагање ќе им бидат и редизајнирани алуминиумски бандажи.

Ентериерот на трите модели е ист како кај актуелната верзија, со тоа што „BMW“ ќе понуди нови дезени на навлаките и тапацирот.

series 6 nova3

Задржана е и постоечката палета на мотори, во опсег од 315 ks на моделите „640i“, па се до 560 ks кај најмоќната „M6“ верзија.

Освежените модели од „Serieѕ 6“ ќе имаат премиера на претстојниот саем за автомобили во Детроит, а почетокот на продажбата е закажан за првото тромесечије од 2015-та година.

series 6 nova4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП