6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемена продажбата на Inditex

Зголемена продажбата на Inditex

Inditex

Шпанската модна куќа „Inditex“, сопственик на познатиот бренд „Zara“, ја зголеми продажбата за 14 проценти во четвртиот квартал од фискалната година.

Растот на продажбата е регистриран и покрај високите температури на почетокот на есента, кои ги загрозија резултатите на европските конкуренти на „Inditex“.

За девет месеци од тековната фискална година (февруари-октомври), овој најголем светски производител и дистрибутер на облека ги зголеми приходите за 10,5 проценти на годишно ниво, на 12,7 милијарди евра. Кога ќе се исклучат валутните ефекти, кои беа негативни, произлегува дека стапката на раст била 7,0 проценти, пренесува Ројтерес.

Нето профитот на „Inditex“ за девет месеци е зголемен за 0,8 проценти, на 1,69 милијарди евра, што е во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Оваа компанија, чиј 59 процентен капитал го поседува милијардерот Aмансио Oртега, освен „Zara“, ги поседува и брендовите „Bershka“, „Massimo Dutti“ и „Stradivarius“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП