8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседатели на земји од Централна Европа ќе разговараат за патната инфраструктура

Претседатели на земји од Централна Европа ќе разговараат за патната инфраструктура

praga 234

Во Прага денеска почнува дводневниот самит на претседатели на Вишеградската група (В4) (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) и Словенија и Австрија.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, главна тема ќе биде развојот на транспортната инфраструктура во Централна Европа и изготвување заедничка стратегија за преговори со Европската Унија за изградба на нови логистички мрежи по 2020 година.

„Транспортот има најголем економски мултипликаторен ефект и тема на состанокот ќе биде сообраќајната мрежа, транспортната логистика и тоа во железничкиот, воздушниот, патниот сообраќај, но исто така и автопатишта, нафтоводи, гасоводи. Едноставно, испорака од суровини преку луѓе до информации“, изјави Хинек Кмоничек од Кабинетот на претседателот на Чешка, Милош Земан.

Тој, информираше дека Земан, со своите колеги од Словачка, Унгарија, Полска, Словенија и Австрија, ќе разговара за проектот на каналот Дунав­Одра­Елба.

Финалниот документ од Самитот ќе ја рефлектира визијата на претседателите за транспортната инфраструктура во Централна Европа по 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП