3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија се движи кон економски раст

Португалија се движи кон економски раст

Portugal Daily Life

Португалската извозно ориентирана економија ќе порасне за 1,5 проценти во 2015 година, по растот од 0,9 проценти во тековната година, соопшти денес Банката на Португалија.

Централната банка очекува постепен раст на извозот, а нејзината прогноза за 2015 година е во согласност со очекувањата на владата во Лисабон, која за 2014 година прогнозира раст од 1,0 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Португалската економија започна да закрепнува минатата година, а во периодот од 2014-2016 година се очекува малку поголем раст во однос на просекот во еврозоната, додава банката, која за 2016 година прогнозира раст од 1,6 проценти, нешто помалку во однос на претходно очекуваните 1,7 проценти.

Извозот, клучниот двигател на економијата, ќе порасне за 4,2 проценти во 2015 година, по растот од 2,6 проценти од оваа година. Домашната побарувачка, од друга страна, ќе порасне за 1,1 проценти во однос на 2,3 проценти во 2014 година.

Европската комисија, традиционално скептична во поглед на португалските официјални макроекономски прогнози, овој пат за 2014 година предвидува исто ниво на раст од 0,9 проценти, додека во 2015 година очекува раст од 1,5 проценти. Комисијата за еврозоната предвидува раст од 0,8 проценти, односно 1,1 проценти во тековната и наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП