16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија во 2015 година очекува економски раст од 1,6 проценти

Швајцарија во 2015 година очекува економски раст од 1,6 проценти

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Очекуваното оживување на швајцарскиот извоз нема да успее да го компензира забавувањето на домашната побарувачка, така што економијата во 2015 година ќе забележи раст од само 1,6 проценти од БДП, по растот од 1,8 проценти во тековната година, предвидува швајцарската банка „Credit Suisse“.

Што се однесува на инфлацијата, таа би требало да биде близу нулата, така што тоа ќе биде четврта година без раст на цените, се додава во соопштението на втората по големина швајцарска банка.

По малиот раст во тековната година, стапката на невработеност би можела да продолжи да расте со исто темпо и во 2015 година.

Централната швајцарска банка би требало да го одржи курсот од 1,20 франци за евро, а каматните стапки уште долго време ќе останат на ниско ниво, предвидуваат експертите.

За споредба, Државниот секретаријат за економија (SECO) предвиде дека БДП на Швајцарија ќе порасне за 1,8 проценти оваа година и 2,4 проценти во 2015 година. Банката UBS предвиде стапка на раст од 1,6 проценти за тековната и 1,4 проценти за наредната година.

Централната банка својата најнова прогноза ќе ја објави на крајот на оваа недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП