ПочетнаЕКОНОМИЈАТвининг проект за хaрмонизација на царинското законодавство

Твининг проект за хaрмонизација на царинското законодавство

carina 222222

Царинската управа на Република Македонија денеска ќе го одбележи стартот на Твининг проектот „Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за Заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока“, финансиран преку ИПА ТАИБ 2010.

Крајната цел на проектот, што се реализира со стручна помош од Финансиската управа на Република Словенија, е Македонија да биде примена во Конвенциите за заеднички транзит и поедноставување на формалностите при трговијата на стока.

Твиниг проектот треба да се обезбеди поддршка на Царинската управа во хармонизацијата на царинското законодавството и подигањето на оперативните капацитети за да ја постигне својата мисија за ефективен, модерен и безбеден царински систем сообразен со барањата и стандардите на ЕУ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП