26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско­-турски бизнис форум

Македонско­-турски бизнис форум

makedonija-turcija

Воспоставување деловни контакти меѓу македонски и турски компании е целта на македонско­турскиот бизнис форум што денеска се одржува во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Досемеалти ­ DÖSİАD на Анталија, Турција.

Регионот на Досемеалти е познат по производство и преработка на руди и мермер, репроматеријали за градежништво, производство на хемиски материјали и текстил, а особено се познати по Досемеалти ­ номадските теписи, производство на хемиски супстанци за базени и бањи, метална индустријата и др.

Планирано е да се одржат билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори металната индустрија, текстилната (репроматеријали ­ суровини), производството и преработката на мермер, градежништвото, дизајнот, архитектурата, автоиндустријата, прехранбено­земјоделскиот сектор транспортот, консалтинг услугите, медицинтаа, трговијата, туризамот и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП