2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦветков: Современо, конкурентно земјоделство ­- тоа е нашата визија

Цветков: Современо, конкурентно земјоделство ­- тоа е нашата визија

cvetkov minister1

Македонското земјоделство бележи голем напредок. Поконкурентно е од она што беше порано, особено ако се споредат квалитетот и квантитетот на производите.

Но, тоа не треба да не залажува. Мора да сфатиме дека конкуренцијата е тековна работа. Никогаш не можеме да кажеме дека сме го достигнале врвот, постојано треба да се работи во овој сегмент, вели ресорниот министер Михаил Цветков во интервјуто за МИА што ќе биде објавено утре.

Неопходно е, додава, максимално користење на сите можности, достигнувањата во науката и технологијата, примена на нови сорти кои се бараат на пазарот и современа механизација.

Не земјоделство со магаре, коњ и копач, туку современо, тоа е нашата визија, потенцира Цветков.

Според него, ако се земе предвид растот во аграрот кој лани првпат надмина половина милијарда евра, повеќе од јасно е дека субвенциите даваат ефект.

И натаму најатрактивни македонски производи се виното, тутунот, грозјето, праските, пиепрот и доматот.

Предизвик, смета министерот, остануваат освојувањето нови пазари, развојот на руралнитесредини, окрупнувањето на земјиштето, формирањето земјоделски задруги, отворањето новиоткупно­дистрибутивни центри,…

Во интервјуто, министерот Цветков се осврнува и на договорот со „Сахара груп“ за „Џумајлија“ кој, како што тврди, воопшто не ја оштети државата. Штета е само што договореното не се реализира, бидејќи, онака планирано, ќе беше крупен чекор за македонското земјоделство.

Одговорно тврдам дека договорот за „Џумајлија“ е во полза на Македонија, државата воопшто не е оштетена, не претпри никаква загуба со оглед дека од гаранцијата наплативме три милиони евра, подвлекува министерот.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со МИА разговара и за проектите во водостопанството, тутунот, состојбите во лозарството, електронското евидентирање, регионализацијата на површините, плановите за 2015 година,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП