19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Walt Disney Co. го користи даночното намалување во Луксембург

И Walt Disney Co. го користи даночното намалување во Луксембург

dizni t3

Меѓу компаниите кои во Луксембург склучиле договори со кои им се овозможуваат големи даночни заштеди се и „Walt Disney Co“ и „Koch Industries“, објави Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари (ICIJ).

„ICIJ“ соопшти дека овие две компании направиле сложени реструктиурања и меѓу 2009-та и 2013-та пренасочиле повеќе стотици милиони долари низ подружниците во Луксембург, кои плаќале данок по стапка помала од 1 процент, како што прават и бројни други големи и угледни светски компании, кои „ICIJ“ ги откри пред извесно време.

Министерството за финансии на Луксембург го објави својот став за издавањето на одлуки за компании во кое се објаснува како даночниците се однесуваат кон нивните трансакции „во согласност на меѓународното и националното законодавство“ и напомена дека на „начинот на кој тие документи се добивани се крајно сомнителни“.

„ICIJ“ објасни дека „Disney“ во Луксембург има основано интерна банка, која потоа ги одобрувала позајмиците со големи камати за подружниците во други земји, како Франција, со што го намалувала сопствениот приход кој бил подложен на оданочување.

И „Disney“ и „Koch“ соопштија дека делуваат во целост со законот и дека со извештајот „ICIJ“ има намера да ја доведе јавноста во заблуда и да ја насочи во прогрешна насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП