6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIATA ја зголеми прогнозата за нето профитот на авиокомпаниите

IATA ја зголеми прогнозата за нето профитот на авиокомпаниите

iata48464654szohufueuwyheifhdsknv

Меѓународната асоцијација за водушен сообраќај ја зголеми прогнозата за нето профитот на авиокомпаниите во светот од 18 на 19,9 милијарди долари во тековната година.

Таквите прогнози се потпираат на падот на цената на горивото и оживувањето на економијата на глобално ниво.

Ова здружение, во кое членуваат околу 250 авиокомпании и претставува 84 проценти од светскиот воздушен сообраќај, исто така предвидува дека вкупниот нето профит на компаниите во овој сектор во 2015 година ќе забележи раст од 25 проценти, пренесува Ројтерс.

„Перспективите за водушниот сообраќај се подобрени. Светската економија продолжува да закрепнува, а падот на цените на нафтата поволно ќе влијае на активностите и во наредната година“, изјави генералниот директор на „IATA“ Тони Тајлер.

Трошоците за гориво на авиокомпаниите во 2014 година, според проценките, изнесуваат околу 204 милијарди долари, додека во 2015 година тие ќе се намалат на 192 милијарди долари, предвидува „IATA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП