11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

Зголемена вредноста на откупени и продадени земјоделски производи

zemjodelski proizvodi 3354

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври годинава изнесува 1.104.918.000 денари, што претставува зголемување за 3,9 проценти во споредба со октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена 16,5 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 11,2 проценти. Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата, а намалување кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот и млечните производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП