19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР стана акционер во проектот за рудникот Иловица

ЕБОР стана акционер во проектот за рудникот Иловица

rudnici 34

Euromax Resources склучи договор за продажба на акции во проектот за развој на рудникот за бакар и злато во Иловица со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Преку непосредна приватна продажба на акции ЕБОР ќе поседува околу 20 отсто од акциите минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото.

Согласно договорот, ЕБОР ќе купи обични акции од компанијата по цена од 0,25 канадски долари за обична акција, при што бруто приливот е еднаков на 5 милиони американски долари. Истовремено ЕБОР ќе добие едноквартална хартија од вредност со овластување по обична акција при цена по видување од 0,40 канадски долари со рок на доспевање од пет години.

Како резултат на приватната продажба, ЕБОР се обврза да не постапува со хартиите од вредност со овластување, доколку таквата активност би резултирала со тоа банката да поседува повеќе од 20отсто минус една акција од издадениот, но нераспределен акционерски капитал на Друштвото. ЕБОР стекнува хартии од вредност со приватна продажба поради инвестициски цели. Во зависност од условите на пазарот и други фактори, ЕБОР може од време на време да купи уште или да се ослободи од хартиите од вредност на компанијата или да ја задржи сегашната позиција.

„Задоволни сме што ЕБОР станува дел од нашите акционери. ЕБОР има значително присуство во Македонија и во поширокиот регион и учеството на банката по обемната длабинска анализа на техничките, еколошките и социјалните аспекти, претставува понатамошна поддршка на проектот Иловица. Се обидуваме да воспоставиме прилично уникатен начин на финансирањето на развојот на Иловица, соочени со пазари на капитал исполнети со бројни предизвици за фирмите­пионери во секторот за ресурси. Фактот што успеавме да ги привлечеме Royal Gold и ЕБОР не само што додава значителен кредибилитет во нашите планови, туку претставува и значителен фактор за намалување на ризикот во развојот на Иловица“, изјави Стив Шарп претседтел и главен извршен директор на Euromax Resources.

Средствата од приватната продажба задоволуваат еден од клучните предуслови за прием на почетната транша од 175 милиони американски долари според Договорот за откуп со Royal Gold, Inc (“Royal Gold”), објавен од страна на Друштвото на 21 октомври 2014 година, а ќе се користат за финансирање на дел од предразвојната програма за работа која вклучува подготовка на Дефинитивна физибилити студија („DFS“) и за детално проектирање („FEED“) за проектот за бакар и злато Иловица на компанијата во Република Македонија. Како што велат од компанијата ова е клучен дел од идниот развој на рудникот Иловица.

„Како што напредува пакетот, компанијата ќе продолжи да комуницира со ЕБОР во врска со елементите од развојот, вклучувајќи ги клучните еколошки и социјални прашања“, појаснуват оттаму.

Компанијата планира и да изврши дополнителна приватна продажба од максимум 2,5 милиони канадски долари на други инвеститори по истите економски услови.

Euromax Resources е сопственик на проектот за развој на рудник за бакар и злато во Иловица во Македонија и на компанија за услуги за истражување во Бугарија. Компанијата е фокусирана на изградба и работа со проектот за бакар и злато Иловица во Македонија, како и профитабилна употреба на богатото искуство во истражувањето во рамки на нашата подружница за услуги за истражување во Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП