ПочетнаЕКОНОМИЈАГраницата на сиромаштија во Турција се зголемила за над десет отсто

Границата на сиромаштија во Турција се зголемила за над десет отсто

turcija1

Границата на сиромаштија во Турција се зголемила за над десет проценти во измината година, покажуваат истражуваата на турскиот синдикат Каму­ сен.

Прагот на сиромаштија се зголемил за 10,3 отсто, покажуваат податоците. Во меѓувреме, минималната сума, неопходна за прехранување на четиричлено семејство се зголемила за 11,8 отсто.

Трошоците за храна на двајца родители со две деца месечно се движат 945,39 турски лири (околу 338 евра). Тоа значи дека турски државен службеник, кој прима плата од околу 781 евро, дава за храна за семејството 43,26 проценти од својата плата.

Според Турскиот статистички институт трошоците за стан под наем се 28,28 отсто од просечната плата. Оттука следува дека 71,5 отсто од просечната плата на државните службеници во Турција оди за храна и живеалиште.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП