26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев ги повика Русите да не паничат поради падот на рубљата

Медведев ги повика Русите да не паничат поради падот на рубљата

meddi1

Рускиот премиер Дмитриј Mедведев изјави денес дека Русија ќе претрпи штета од неколку милијарди долари поради санкциите на Запдот, а дека европската економија оваа година поради тие мерки ќе загуби 40 милијарди долари.

Тој ги наведе оценките на руските експерти дека европската комисија ќе „претрпи штета од 50 милијарди долари“.

Рускиот премиер додаде дека Владата би можела да изврши промени во буџетот за 2015 година поради неповолните надворешни и внатрешни економски фактори, пред се падот на цената на нафтата, но дека тоа сега нема да го направи.

Медведев оцени дека големото слабеење на рубљата, од околу 40 проценти, не е корисно за руската економија и ги повика Русите да не паничат и да бидат трпеливи, и да се однесуваат исто како во времето на кризата во 2008 година, кога курсот на рубљата на крајот се стабилизираше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП