18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска е соочена со пад

Хрватска е соочена со пад

hrvatskand389nvc

Бруто домашниот производ на Хрватска реaлно е помал за 0,5 проценти во третиот квартал од 2014 година во однос на истиот период 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Потрошувачката на домаќинствата во третиот квартал од оваа година се намалила за 1,1 проценти, а потрошувачката на непрофитните институции кои им служат на домаќинставта (НПИСД) се намалила за 1,2 проценти.

Потрошувачката на државата е намалена за 1,4 проценти, а бруто инвестициите во фиксниот капитал се намалени за 3,6 проценти, на годишно ниво.

Истовремено, извозот на стока и услуги е зголемен за 4,1 проценти, поради растот на извозот на услуги за 2,9 проценти и растот на извозот на стоки за пет проценти.

Увозот на стока и услуги е зголемен за 3,2 проценти, поради растот на увозот на стоки за 2,8 проценти и растот на увозот на услугите за 5,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП