6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Излезот од ЕУ скапо ќе го чини Лондон“

„Излезот од ЕУ скапо ќе го чини Лондон“

london1

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј ја предупреди Велика Британија дека излезот од ЕУ скапо ќе го чини Лондон.

„Излезот е одлука која се носи со намера, слободно и таа во потполност е легитимна, но има своја цена“, изјави тој.

Британскиот премиер Дејвид Камерон под притисок на евроскептиците се обврза до крајот на 2017 година да организира референдум за задржувањето на Велика Британија во реформираната Европска унија.

Тој оцени дека на другите земји од ЕУ не им се допаѓа оваа идеја, но не ги загрижува премногу.

„Можно е да излеземе од клубот. Но не се работи само за заминувањето. Тоа ќе биде сложен проблем и правено и политички тешко ќе се примени. Замислете си како е да се разведете после 40 години брак, нашата состојба е слична на таа.“, изјави Камерон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП