18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските инвеститори задоволни од условите за бизнис во Македонија

Германските инвеститори задоволни од условите за бизнис во Македонија

germanci investitori

Германските компании веруваат во условите за инвестирање во Македонија и сериозно размислуваат за почнување бизнис во Македонија.

За можностите и предностите што ги нуди земјата слушнаа од владиниот тим предводен од премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Франкфурт.

„Веруваме во условите кои ги слушнавме на презентацијата и ги видовме на лице место. Погледнавме неколку фабрики кои се изградени од странски инвеститори. Патот не води кон Македонија и голема е веројатноста дека ќе отвориме своја фабрика, најпрво браунфилд, па потоа и гринфилд. Претставници од нашата компанија веќе беа во посета на Македонија во септември годинава. Во јануари идната година планираме повторно да ја посетиме Македонија“, изјави Инес Анра бизнис партнер во компанијата „Аконплас“, која истакна дека нејзината компанија сериозно размислува за инвестирање во Македонија.

Присутните бизнисмени дадоа позитивни оценки за презентираните поволности посочувајќи на даночните олеснувања и субвенциите. Истакнуваат дека со условите кои се овозможуваат се зголемуваат можностите компаниите сериозно да сметаат на Република Македонија во делот на правењето анализи за ширење на капацитетите и за инвестирање.

„Даночните олеснувања и субвенциите кои се даваат за изградба на фабрики на странски инвеститори, се доста атрактивни и многу сме задоволни од бизнис условите кои ги нуди Република Македонија“, изјави Франк Микаелис, менаџер на компанијата „Аконплас“.

Лудвиг Бантон од ОДВ Електрик потенцира дека Македонија нуди значителни поволности во врска со трошоците за работна рака и оти поддршката од Владата и од локалните власти е на највисоко ниво од сите земји што ги посетил.

germanci investitori1

„Македонците имаат техничко познавање во производството на авто делови и текстилната индустрија, поради што трендовите на пазарот на работната рака се доста добри“, изјави Бантон додавајќи дека е сигурен оти Македонија е вистинската одлука за нив.

Хасан Кара од Стопанската комора на Франкфурт оцени дека му е значајно што ги добил информациите на бизнис форумот.

„И пред да дојдам, вели, знаев дека Македонија има добра клима за инвестирање. Човек не може да шета по земјите и сам да се распрашува, но ги гледаме извештаите на компаниите кои инвестирале тука, ја гледаме искреноста зад поддршката која ја нуди вашата Влада“.

На бизнис форумот присуствуваа претставници на 40 компании од областа на автомобилската индустрија, електрониката, информатичко ­ комуникациските технологии и од други производствени и услужни дејности. Тие сметаат дека ваквиот начин на презентација во голема мера ги доближува можностите до потенцијалните инвеститори.

„Ние сме Влада која е целосно концентрирана на економијата, на добрата бизнис клима и ги охрабруваме домашните и странските инвеститори да направат чекор во инвестирање и отворање нови работни места“, им порача премиерот Никола Груевски на потенцијалните инвеститори.

germanci investitori2

Тој додаде дека втор најголем предизвик на Владата, освен смирување на односите со Грција околу членството во ЕУ и НАТО, е невработеноста.

„Кога стапивме на власт во 2006 година, невработеноста беше екстремно висока и изнесуваше 38 проценти. Се уште е висока, но е намалена за 10 отсто. Поминавме тежок период, глобална криза, европска должничка криза, па во најголем дел од земјите во ЕУ и општо во Европа, невработеноста растеше. Во овој тежок период, во Македонија успеавме да ја намалиме невработеноста на околу 28 отсто, што е успех во таков тежок период“, рече Груевски.

Посочи дека најважно е што Македонија е земја со најниски давачки за водење бизнис во Европа, но општо и сите трошоци за бизнис во земјата.

Погодностите за реализација на странски инвестиции, според премиерот, се огледаат преку нискиот данок на персонален доход и данок на добивка од само 10 отсто, на едуцираната и квалификувана работна сила и на даночните олеснувања кои се обезбедуваат во технолошко ­ индустриските развојни зони.

Груевски во своето обраќање ги образложи владините мерки и политики кои обезбедуваат поддршка на компаниите, раст на нивната дејност со приоритетна цел за поттикнување на вработувањата и намалување на невработеноста.

germanci investitori3

Вицепремиерот Пешевски истакна дека организирањето на бизнис форум во Франкфурт, кој е еден од главните економски центри на Германија, е од значење за привлекување на нови странски инвеститори во земјава, особено доколку се земе предвид дека германските компании се компании кои имаат голем потенцијал за ширење на своето производство, а некои од нив веќе и инвестираат во Република Македонија.

Тој се задржа на претставувањето на концептот на слободни зони за привлекување на инвестиции.

„Ја отворивме можноста не само за инвестиции во делот на производството, каде што Македонија е една од најатрактивните дестинации од аспект на трошоците, туку и во останатите услужни сектори бидејќи ние го продолжуваме развојот на овој концепт на слободни зони и во делот на информатичките технологии и во делот на туризмот и во делот на здравството“, рече Пешевски.

Истакна дека интересот бил задоволителен и оти имаше доста прашања и за време на презентациите и по презентациите. Верува дека со неколку од нив ќе се остварат директни посети во Македонија што, како што вели, е основа за поконкретни инвестиции понатаму.

Министерот Самак во своето излагање пред присутните ги претстави компаративните предности за инвестирање во Република Македонија, задржувајќи се на можностите за инвестирање во автомобилската индустрија.

Директорот Мизо истакнувајќи ги поволностите во технолошко ­ индустриските зони, ја истакна подготвеноста на Дирекцијата за инфраструктурна и логистичка поддршка за реализација на потенцијалните инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП