20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Австрија и се заканува рецесија

На Австрија и се заканува рецесија

vienaavstria1

Економските перспективи на Австрија за наредната година не покажуваат ништо добро, бидејќи експертите на економскиот институт „Wifo“ прогнозираат дека до крајот на годината постои закана земјата да падне во рецесија.

Според експертите, тоа значи дека економијата на Австрија би можела да започне да се намалува. Од јули до септември оваа година, бруто домашниот производ (БДП) е намален за 0,1 проценти, а последните три месеци од оваа година покажуваат слична тенденција, што технички значи рецесија.

„Wifo“ истакнува дека на Австрија во моментов и недостасуваат економски импулси како од земјата така и од странство.

Министерот за економија Рајнхолд Митерленер поради тоа ќе биде соочен со низа проблеми во идната година, бидејќи според „Wifo“, се намалува и потрошувачка на домаќинствата.

Според пишувањето на австриските весници, лошите изгледи за економијата можат да ги погодат граѓаните, бидејќи уште многу луѓе би ја изгубиле работата.

Додека во речиси сите земји на ЕУ, и покрај стагнацијата на економијата, бројот на невработени се намалува, во Австрија оваа стапка расте.

Исто така во Австрија цените растат значително повеќе од просекот во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП