17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШеици ја купија зградата на Scotland Yard

Шеици ја купија зградата на Scotland Yard

Skotland-Jard222

„New Scotland Yard“, седиштето на лондонската полиција, едно од најпознатите во светот, е продадено на инвеститори од Персискиот залив, објави канцеларијата на лондонскиот градоначалник. Планот на инвестоторот е „Scotland Yard“ да го претвори во луксузни апартмани.

Во соопштението од канцеларијата на градоначалникот се наведува дека „Abu Dhabi Financial Group“ платила за локацијата 370 милиони фунти (467 милиони евра), што е цена за 120 милиони фунти поголема од посакуваната.

Полицијата, според планот, ќе се пресели во помала зграда, а тоа е со цел да се намалат трошоците.

На новата локација, полицијата ќе го задржи својот исконски ротирачки симбол „New Scotland Yard“ кој сега стои пред зградата која е изградена во 1960-та година.

Од полицијата додаваат дека ќе заштедат со оваа продажба и со преселбата, а средствата ќе ги наменат за купување н современи технички помагала за своите вработени.

Продажбата на „Scotland Yard“ е последната во веќе втората во низа продадени лондонски топ локации, чии нови сопственици се инвеститори од Персискиот залив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП