28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВисар Фида на форум за деловна соработка и зголемување на инвестициите

Висар Фида на форум за деловна соработка и зголемување на инвестициите

visar-fida

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска во Торонто ќе учествува на форумот за деловна соработка и зголемување на инвестициите, во организација на реноменираниот Атлански совет на Канада, каде ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Република Македонија.

Високи претставници од земјите од Југоисточна Европа ќе гостуваат на форумот и ќе ги презентираат проектите од секторите на енергетика, рударство и минерални ресурси, градежништво и инфраструктура, како и проекти во секторот на туризам.

Покрај компаниите кои се заинтерсирани за соработка, гости ќе бидат и високи претставници од владиниот сектор на Канада. Исто така, ќе има презентации за јавно приватно партнерство, проследено со сведоштва на канадски компании кои инвестираат во регионот. Главната цел на овој настан е да се промовира регионот како платформа на инвестиции за канадските бизниси.

Покрај презентациите, Фида ќе оствари бројни средби со компании заинтересирани за инвестирање во Македонија, како и високи претставници од канадската влада.

Оваа иницијатива е поддржана од Министерството за надворешни работи и меѓународната трговија на Канада (ДФАИТ) и владината институција за поддршка на извозот и инвестициите (ЕДЦ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП