25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската зима ќе трае три години

Руската зима ќе трае три години

Russia Weather

Рускиот БДП, кој според последната прогноза на Министерството за економски развоj, наредната година ќе се намали за 0,8 проценти, може да остане во негативната зона и наредните две години.

„Јасно им е на сите дека следната година растот ќе биде негативен. Прашање е само дали минус 1,2 или минус 2,5 проценти. Не гледам што може да го промени во наредните години негативниот раст“, изјави директорот на руската „Sberbank“ Герман Греф.

Во 2016 година, зависно од тоа како нашата влада ќе работи, може да дојде до мал раст, а може да биде и полошо“, додаде Греф кој беше на чело на Министерството за економски развој седум години.

Според неговата проценка, во 2017 година растот на руската економија ќе биде нула или негативен.

Министерството за економски развој минатата недела ја објави ажурираната макроекономска прогноза за 2015 година и своите проценки за 2016-2017 година, според која е планиран раст од 2,3, односно три проценти. Меѓутоа таа прогноза не го зема во предвид наглиот пад на цената на нафтата во последно време, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП