3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на трговскиот суфицит на Германија

Раст на трговскиот суфицит на Германија

germanijauye7893ry67834y7r8y43yr43

Трговскиот суфицит на Германија е малку зголемен во октомври, бидејќи увозот се намали повеќе од извозот поради слабеењето на еврото.

Извозот на Германија во октомври се намали за 0,5 проценти на 97,2 милијарди евра во споредба со септември, додека увозот е намален за 3,1 проценти на 74,6 милијарди евра, во однос на сезонски прилагодените податоци на германската федерална канцеларија за статистика Дестатис.

Таквите податоци помогнаа во зголемувањето на трговскиот суфицит на Германија на 20,6 милијарди евра во октомври, пренесува агенцијата Франс прес.

„Трговските податоци во октомври се најновиот доказ дека најголемата економија во еврозоната доби на интензитет на почетокот на четвртиот квартал“, изјави Карстен Брзески од германската банка ING.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП