16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија и Бугарија да му ги вратат на „Газпром“ парите вложени во...

Србија и Бугарија да му ги вратат на „Газпром“ парите вложени во Јужен поток

gazprom

Рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин изјави денеска дека финансирањето на проектот Јужен поток чинел милијарди евра и речиси целосно бил спроведен од руската компанија „Газпром“, поради што земјите, кои биле вклучени во него е потребно сега да му ги вратат парите на рускиот гигант.

– Ниту Србија, ниту Бугарија не беа во можност да го финансираат Јужен поток, тој беше финансиран од „Газпром“, рече Чепурин, напоменувајќи дека тие земји би требало да ги вратат инвестираните средства во проектот од таксите за транзит на гас.

Чепурин истакна дека преговорите за изградба на Јужен поток траеле речиси осум години, бидејќи постојано се менувале правилата, кои му биле наложувани на „Газпром“.

Тој оцени дека Јужен поток и бил потребен на јужна Европа и оти сите земји низ кои требало да минува гасоводот ќе имале корист и заработка од проектот.

Рускиот амбасадор додаде дека постои можност дел од загубите на Србија од стопирањето на проектот да бидат компензирани со други инвестиции и тоа не само во сферата на енергетиката, туку и во други области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП