19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајмногу се купуваат бели автомобили

Најмногу се купуваат бели автомобили

bela kola 32

Најновата студија која ја објави компанијата „PPG Industries“ покажа дека и во 2014-та година најпродавани биле автомобилите кои имаат бела надворешност.

Белите возила сочинуваат 28 oтсто од вкупниот број на ново продадени возила во светот во 2014-та. За купување на црни автомобили се одлучиле 18% од купувачите, додека на трето место по популарност се сивите (13%) и металик-сребрените (13%) возила.

Во Европа секој четврт продаден автомобил во 2014-та бил бел, 15% од нив се црни, а 14 проценти сиви.

Меѓу другото, белите автомобили се најбарани и поради тоа што тие најчесто се поевтини од примероците од истиот модел во друга боја.

„PPG Industries“ предвидува дека во 2015-та ќе порасне бројот на возила во кафена, портокалова и бакарна боја, како и во „топлите“ металик верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП