19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрганизацијата Супербрендс ги претставува Супербрендовите за 2013/2014 година

Организацијата Супербрендс ги претставува Супербрендовите за 2013/2014 година

stamp MAK 2013_14

Македонските Супербрендови, пазарните  марки кои ја добија престижната меѓународна титула Супербрендс за 2013/2014 година, ќе бидат претставени на 10-ти декември 2014, на свечената церемонија што ќе се одржи во просториите на Сити Хол во Скопје.

Свеченото доделување на дипломи, го заокружува третиот по ред избор на македонски супербрендови, што започна со селекцијата на стручното жири уште во почетокот на 2013 година.

Повеќе од 1000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 27 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој е издготвен во соработка со водечките маркетиншки и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и преку 8.000 потрошувачи.

super brend 222222

На свеченото доделување ќе биде претставено и новото издание на Супербренд  публикацијата, која за прв пат ќе ги претстави најдобрите брендови од Адриатик регионот. Публикацијата ги опишува најразличните брендинг студии за Супербрендовите кои учествуваат во програмата.

Организацијата Супербренд е присутна во 88 земји во светот, а во 2009 година започна со работа и во Македонија. Како организација која се темели на идентификација и именување на исклучителни пазарни марки, Супербрендс го анализира остварувањето на одредени пазарни марки и ги препознава оние кои остваруваат повеќе од својата конкуренција па ги наградува со високо признатиот Супербренд статус. Со дваесет годишното постоење Супербрендс стана претпознатлив  како мерило за успех на една пазарна марка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП