24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку Европјаните ќе го стегнат ременот?

Колку Европјаните ќе го стегнат ременот?

127387011154719fe0b8b01436100865_orig

Членките на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа договор за новиот буџет на ЕУ за 2015 година кој изнесува 141,2 милијарди евра.

„Имаме договор. Сега само остана тој да биде официјално потврден, изјави европратеникот Жан Аруи, пренесува француската агенција Франс прес.

Со постигнатиот договор, исто така се предвидува ребаланс на буџетот за оваа година, па така тој ќе биде зголемен за 3,5 милијарди евра и со таа сума ќе достигне 143,5 милијарди евра.

Според соопштението на Европскиот совет, дополнителните 3,5 милијарди би требало да бидат искористени за покривање на огромните долгови, кои досега се незабележани. Станува збор за сума меѓу 25 и 30 милијарди евра.

Буџетскиот комитет на Европскиот парламент денешниот договор би требало да го потврди во четврток, 11. декември, Европскиот совет конечна одлука да донесе во петок, а парламентот во среда на 17. декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП