11 декември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОпел ја затвора фабриката во Бохум

Опел ја затвора фабриката во Бохум

bohum

Сојузот на вработени во Опел се согласи со одлуката на првите луѓе на компанијата да ја затворат фабриката во Бохум.

Потпретседателот на ГМ, Стив Гирски наведува дека одлуката за затворањето на фабриката во овој град е конечна и дека е потпишана од двете страни.

Со одлуката беше договорено на фабриката во Бохум да и се обезбеди двегодишен грејс-период и да не биде затворена пред 2016-та година. Па така на околу 3000 работници кои се вработени таму до тогаш ќе имаат загарантирано работно место. Кога фабриката ќе биде ставена под клуч, на работниците ќе им бидат обезбедени двегодишни преквалификации.

Преоговорите меѓу првите луѓе на Опел за затворање на фабриката започнаа уште во текот на јуни 2012-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП