27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на живот во ноември намалени за 0,3 проценти

Трошоците на живот во ноември намалени за 0,3 проценти

trosoci zivot

Трошоците на животот во ноември годинава се непроменети од претходниот месец, а цените на мало се намалиле за 0,3 отсто. Трошоците на животот, пак, во ноември годинава, во споредба со овој месец лани бележат намалување од 0,3 отсто, а цените на мало намалување од 1,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците за живот во ноември е забележан кај свежиот зеленчук за 5 отсто, други прехранбени производи за 0,7, јајцата и конзервираните месни производи за 0,6, алкохолните пијалаци за 0,5, лебот и житариците и рибата за 0,2, цврстите горива за 5, авионскиот превоз на патници за 2,8, услугите за сместување за 1,8, текстилот за домаќинствата, големи електрични апарати, алати и опрема за куќа и градина за 0,4 отсто.

Намалување на трошоците на животот има кај свежото овошје за 5 отсто, месото за 0,4, кондиторските производи за 0,2, гасот за домаќинствата за 6,3, автомобилите за 6,1, течните горива за домаќинствата за 4,7, течните горива и мазива за 3,9, информатичката опрема за 2,9, средствата за чистење и одржување на станот за 0,9, мебелот за 0,6 и стоматолошките услуги за 0,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП