3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈазот меѓу сиромашните и богатите одамна не бил поголем

Јазот меѓу сиромашните и богатите одамна не бил поголем

poverty-607x330

Нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните во повеќето земји се зголемила на највисокото ниво во последните 30 години и сега му штети на економскиот раст, покажува извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) која има 34 земји членки.

„Во повеќето земји на ОЕЦД јазот меѓу богатите и сиромашните е на највисокото ниво во последните 30 години. Денес, просечните приходи на девет проценти од најбогатата популација во регионот на ОЕЦД се поголеми за 9,5 пати од приходите на десет проценти од најсиромашната популација, додека во текот на 80-тите години од минатиот век тој однос бил седум спрема еден и оттогаш бележи постојан раст“, се наведува во извештајот на ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс прес.

Меѓу членките на ОЕЦД се наоѓаат развиени и земји во развој, меѓу кои државите на Европската унија, но и САД, Турција, Мексико и Јапонија, Кина, Бразил и Индија не се членки на оваа организација.

Јазот меѓу богатите и сиромашните варира во поширокиот регион на ОЕЦД, па така, според извештајот, нееднаквоста во многу земји во континентална Европа и нордиските земји е значително помала.

Се поголемата нееднаквост во приходите негативно се одрази на земјите на ОЕЦД, поради што економскиот раст на Мексико и Нов Зеланд е намален за повеќе од десет процентни поени, се наведува во извештајот.

Истовремено, според пресметките на ОЕЦД, поголемата еднаквост помогна во зголемувањето на БДП по глава на жител во Шпанија, Франција и Италија во периодот пред појавата на економската криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП