18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа ФИНКИ интернационална работилница за креирање мобилни апликации

На ФИНКИ интернационална работилница за креирање мобилни апликации

Untitled

Четириесетина македонски и 12 странски студенти од техничките факултети ќе можат да ги доусовршат своите способности во рамките на еднонеделната работилница за креирање и развој на мобилни апликации „Code App, Level Up 2“ што денеска беше официјално отворена на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ­ ФИНКИ во Скопје.

На настанот организиран од невладината организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентскиот парламент на ФИНКИ учесниците ќе имаат можност да слушаат предавања од искусни предавачи, поделени во три модули: кодирање, дизајн и претприемништво. Студентите поделени во мешани тимови, составени од македоснки и студенти од странство, ќе се обучуваат на полето на развојот и дизајнот на мобилни апликации, како и за нивното претставување на пазарот. На завршниот ден на работилницата, 14 декември, тимовите ќе го презентираат својот краен продукт и како победник ќе биде избран само еден тим од стручно жири.

Како Влада особено внимание посветуваме на мобилнита апликации, бидејќи во ова време сите продукти треба да бидат достапни на паметен мобилен телефон. Во Македонија во овој момент отворени за пошироката јавност се 158 дата бази од институциите. Најголем успех од искористувањето на овие податоци ќе имате токму вие, студентите, односно младите претприемачи. Сите оние кои ќе бидат заинтересирани да креираат апликации можат бесплатно да ги користат отворените податоци, порача министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на отворањетона работилницата „Code App, Level Up 2“.

Тој посочи дека во Европа има 274.000 слободни работни места за лицата што добро ги познаваат информациско­комуникациските технологии, а во Македонија се евидентирани околу 1.330 информатичари кои се водат како невработени иако, како што рече, поголемиот дел од нив хонорарно работат.

Многу мал дел од евидентираните како невработени се способни да програмираат, а токму програмирањето е вашата шанса да најдете добро платено работно место и во Македонија. Целта на Владата е нашите програмери да останат во Македонија и да бидат ангажирани од приватниот бизнис во областа на ИКТ технологиите, рече Ивановски.

Продеканот на ФИНКИ проф. Владимир Трајковиќ истакна дека работилницата ќе им биде добра можност на учесниците да соработуваат и да разменат искуства за мобилните апликации кои доаѓаат од различните земји.

Се надевам дека во следниот период ќе успеете да проникнете во тајните не само на развојот на мобилните апликации, туку и како тие да се дизјанираат заедно со нивната интеракција и како сето тоа заедно да се спакува во еден производ кој ќе биде добар за крајните корисници и да се продаде, рече Трајковиќ.

Кјтлин Турк од Американската амбасада во Скопје, златниот спонзор на настанот им рече на учесниците дека парите и идејата се основните мотиви за да им кажат на сите што точно работат.

Користете ја секоја можност за да го направите тоа, зашто можеби повеќе не ќе ја имате таа можност, а и не може да знаете од каде може да произлезе успешна соработка, рече Турк.

„Code App, Level Up 2“ е напредна работилница од интернационален карактер која на ФИНКИ се одржува по втор пат. На неа учесниците од Македонија имаат можност да остварат соработка со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП